Марио Балотели и во вториот натпревар на кој настапи за Ница покажа дека трансферот во овој француски клуб е вистинскиот потег за францускиот клуб. Тој на вечерашниот натпревар против Монако потсети на своите најдобри денови, па со два гола му ја донесе победата на својот тим. Балотели постигна по еден гол во секое полувреме за Ница на оваа средба, пред да го напушти теренот во 78. минута.
Само за потсетување, тој дебитираше за Ница со два гола на дуелот со Олимпик Марсеј, а италијанскиот ас го пропушти минатонеделниот натпревар против Монпелје.
Два меча – четири гола, ова е просек што Балотели го немаше ниту пред години додека важеше за еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)