| четврток, 6 декември 2018 |

Eдна недела да се туширал само со ладна вода – не очекувал ваков резултат

Ретки се оние луѓе кои своето тело би го шокирале со секојдневно туширање со ладна вода.
Некои луѓе со туширање го започнуваат својот ден, а некои со туширање го завршуваат денот, односно преферираат да се тушираат пред да си легнат во кревет. Како и да е, ретки се оние кои своето тело би го шокирале со секојдневно туширање со студена вода.

Токму тоа одлучил да го направи Ник Грин, кој инаку обожува долги туширања со топла вода. И притоа тој тврди дека за време на туширањето најдобро размислува и донесува важни одлуки.

Со оглед на тоа што сè почесто има докази дека туширањето со студена вода помага при слабеење, ја одржува кожата млада и затегната, помага за менталното здравје и им се препорачува на луѓето кои интензивно се занимаваат со спорт, Грин одлучил да го провери тоа на сопствена кожа и да види како туширањето со студена вода ќе влијае врз него во период од една недела.

Тој навикнал да ужива во топлата вода, па како што објаснил за магазинот Men’s Health, првите 15 секунди од туширањето со ладна вода му изгледале како вечност.

Сепак, одлучил дека неговото туширање во следната недела ќе трае две минути. Дишел забрзано, а потоа полека почнал да се опушта.

После туширањето бил преполн со енергија и попродуктивен од обично. Веднаш седнувал на маса и правел листа на задачи кои мора да ги изврши во текот на денот, а истиот ритуал го повторувал секој ден.

Ник тврди дека таа недела била многу успешна и одлучил и понатамошните утра да ги започнува со туширање со ладна вода. „Не сакам да се туширам со ладна вода. Но, ми се допаѓа доброто чувство после тоа“, заклучил овој маж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top