Eвропскиот парламент жестоко го осуди порастот на насилство и убиства на Филипините, што го поттикна тамошниот претседател Родриго Дутерте на уште пожестока реакција, но во негов стил.
Секогаш живописниот претседател одговори со пцости и вулгарен гест.
– Е*ете се! Повторувам е*ете се! – изјави Дутерте и му покажа среден прст на Европската Унија.
Конференцијата на филипинскиот претседател била одржана во градот Давао, а посебен гнев тој покажа кон Франција и Велика Британија.
– Невидени лицемери. Нам ни зборуваат едно, а нивните претци од колонијалната ера убија илјадници народ – изјави тој.
Дутерте, исто така, ја бранеше и новата пракса на Филипините – убивањето на криминалците без судење.
– A кого тоа точно сум убил? Aко е точна таа информација, 1.700 лица, но кои се тие? Oбични криминалци. A тие ликови од Брисел тоа го нарекуваат геноцид! Па, како имаат образ да ме осудуваат – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)