Контроверзен неврохирург кој сака да ја изведе првата трансплантација на човечка глава планира да изведе и „Франкенштајн“ експерименти и да оживее човечки трупови за да ја тестира својата техника. Д-р Серџо Канаверо, директор на Групата за невромодулација на Торино и неговите соработници веруваат дека следната година ќе можат да го изведат првото пресадување на човечка глава.
Направиле нацрт на планови за тестирање дали е возможно да се поврзе `рбетниот мозок на главата со друго тело преку тестови кои ќе го стимулираат нервниот систем со помош на електрични пулсови. Но, нивниот прв пациент од Русија кој се јави како доброволец врз кого би го извеле првиот тест вели дека неговата девојка се спротивставува на тоа да се подложи на операцијата.
Целта на операцијата е првин да се пресече `рбетниот мозок и потоа да се поправи со употреба на електрична и магнетска стимулација за да се „реанимираат“ нервите па дури и способноста за движење на телото. Во статија за научно списание д-р Канаверо и неговите колеги од Јужна Кореја и Кина повлекуваат паралели со познатата приказна за Франкенштајн во која тој исто така употребува електрицитет да го оживее фиктивното чудовиште. Тој посочува кон експерименти изведени во 1800-те во кои се употребувале трупови на криминалци како доказ дека таквите тестови би можеле да бидат успешни.
-Би можел да се искористи свеж труп за пресадувањето доколку се искористат тие неколку првични часови по смртта, вели Канаверо.
Според ова, Канаверо смета дека ваквата процедура најмногу би им била од полза на лицата кои се парализирани од главата надолу, со што би се здобиле со ново тело врз кое ќе имаат целосна контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.