Гостувањето во Белград, Србија францускиот филозоф, писател и публицист Бернар Анри Леви ќе го запамети засекогаш. Тој бил гостин на фестивалот за документарни филмови „Белдокс“ каде што го претставувал својот филм „Пешмерга“ но се случил инциднет во кој учестувале неколкумина момчиња. По само неколку минути, откако тој почнал да го претставува својот филм, еден од напаѓачите во неговото лице фрлил торта.
Леви на српската јавност и е познат по тоа што заговараше бомбардирање на тогашна СР Југославија во 1999 година.
Тортата се растекла по главата и лицето на Леви. Публиката почнала да негодува, а тогаш се појавило второ момче со транспарент „Надвор од Белград, го поддржавте бомбардирањето на Србија во ’99“ нарекувајќи го империјалист.
Во еден момент Леви се обидел и физички да се пресмета со едно од момчињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија