Македонските танчерки се први во светот на Светско првенство во танц кое се одржува во Атина, Грција. Златната медаља им припадна на девојчињата од групата „Џуџиња“, на првиот ден од танцовиот натпревар, во категоријата латино шоу. Освен злато, македонските танчерки, јуниорки од групата Austin Powers, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.
Браво. Ова е најголем успех за нас, а и за Македонија чија химна ечеше во срцето на Грција“, напишаа на својот фејсбук-профил од танцовото студио Eat The Beat, во кое членуваат македонските танчерки, кои, ги освоија првото и третото место во светот.
Македонските танчерки, јуниорки од групата „Austin Powers”, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.
„Пресреќни сме на овој наш успех. Се подготвувавме за овој натпревар, и навистина успеавме да покажеме дека сме најдобри. Продолжуваме понатаму, со исто темпо во категориите соло и дуо“, ни изјави Сандра Георгиев, дел од тимот кој настапува на Светското првенство во Латино Шоу и Синхро Денс 2017 во Атина.
извор:а1.он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз