Шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас конечно блесна во дресот на Челси оваа сезона, постигнувајќи два гола во продолженијата од вечерашниот меч против шампионот Лестер во ЕФЛ Купот на Англија, за триумф на својот тим од 2-4. Челси имаше негатива од два гола, но Кејхил и Аспиликуета го извлекоа и мечот отиде во продолженија.
Лестер во 89.минута остана без Василевски, кој заработи црвен картон, а Фабрегас знаеше да ја искористи предноста од човек повеќе на теренот постигнувајќи два погодоци во период од три минути. Во 92.минута го донесе Челси во водство од 2-3, а само две минути подоцна погоди и уште еднаш. што беше и конечен резултат.
Премиерлигашите Ливерпул и Арсенал на убедлив начин се пласираа во следната рунда од ЕФЛ Купот на Англија. „Црвените“ на гости го совладаа Дерби со 0-3, а Арсенал исто така на гостински терен беше поуспешен од Нотингем Форест (0-4).
Рагнар Клаван го постигна првиот гол за Ливерпул против Дерби, а во вториот дел стрелаа и Кутињо и Ориги.
Шпанецот Лукас Перез беше двоен стрелец за Арсенал, а во листата на стрелците се запишаа и Гранит Џака и Окслејд – Чемберлен.
Евертон загуби на домашен терен од Норвич со 0-2, додека Њукасл славеше против Вулверхемптон со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.