| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепт што го освои светот: Тесто за пица од само две состојки (Видео)

Иако изгледа невозможно, новиот рецепт за тестото за пица од само две состојки веќе го освои светот.
timthumb
Овој рецепт е идеален ако имате малку време, а ви се јаде домашна пица. Сè што е потребно за тестото е една чаша брашно и една чаша грчки јогурт.

Измешајте ги состојките во сад и оставете да отстојат пет минути. Ако е потребно додајте уште брашно.

Потоа, тестото размесете го и на него ставете ги состојките што ги сакате. Пицата се пече 12 минути на 250 Целзиусови степени.

Добар апетит!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top