| четврток, 6 декември 2018 |

Со претставата „Вашето кралство“ почнува 41. Млад отворен театар

Во програмата на годинашниот МОТ се претставите: „Ние, европски лешеви“ на Словенско младинско гледалишче во режија на Себастијан Хорват, театарскиот перформанс „Државата“ на Александар Мануилоф од Бугарија, „Галеб“ на театарот „Види“ од Лозана на германскиот режисер Томас Остермаер, „Офф-Надминување од границите“ на театарот „Ујвидеки Синхаз“ од Нови Сад, „Мртовецот доаѓа по љубената“ на Прешерновиот театар од Крањ, „Случајот Хармс“ на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ, „Мртва точка“ во режија на Раду Африм на романскиот театар „Тома Карагиу“

Со претставата „Вашето кралство“ на трупата „Форте компани“ од Унгарија, по текст на Шандор Тар и во режија на Чаба Хорват, вечер официјално ќе биде отворен 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“-МОТ. 

Претставата „Вашето кралство“ во режија на Ксаба Хорват го претставувва подемот и падот на унгарскиот писател Шандор Тар (1941-2005), една од најтрагичните и најконтроверзни епизоди во последните неколку декади, која ја потресе литературната сцена во Унгарија. Неговата драма прикажува една неутешна приказна, која е истовремено драматична и апсурдна со многу сочувство и хумор, додека брутално суровите и реалистични настани се растворени во поетските визии на претставата на Форте компани. Креатвната енергија и радикалните средства типични за оваа компанија му помагаат на гледачот да се нурне во светот на маргинализираните и имаат ефект што тешко може да избледи. Претставата нема за цел да ја прикаже неговата лична приказна, туку преку адаптација на неговите најдобри кратки раскази – да се фокусира на менталната дезинтеграција на неговата личност.

133349264

Инаку Форте компани е основана од страна на режисерот и кореограф, Ксаба Хорват, во 2005 година. Групата актери и танчери еспериментираат со досега непозната формата на изразување во Унгарија. Целта е да се создаде нов, хомоген јазик со помош на тела, гласови, танц, музика и текст. Жанрот на „физички театар“ се редефинира во обид да се размислува на поинаков начин за раскажување, ситуација, градење сцена, сценско време, простор на игра и драматургија. Иако е ралативно млада трупа, делата на Форте веќе имаат постигнато значителен успех, судејќи според реакциите на публиката и професионалците.

Фестивалот, кој го организира Младинскиот културен центар под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура, ќе се  одржува до 27 септември до кога ќе бидат изведени уште десет претстави.

Во програмата на годинашниот МОТ се претставите:  „Ние, европски лешеви“ на Словенско младинско гледалишче во режија на Себастијан Хорват, театарскиот перформанс „Државата“ на Александар Мануилоф од Бугарија, „Галеб“ на театарот „Види“ од Лозана на германскиот режисер Томас Остермаер, „Офф-Надминување од границите“ на театарот „Ујвидеки Синхаз“ од Нови Сад, „Мртовецот доаѓа по љубената“ на Прешерновиот театар од Крањ, „Случајот Хармс“ на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ, „Мртва точка“ во режија на Раду Африм на романскиот театар „Тома Карагиу“.

На МОТ ќе има и Македонски ден (25 септември), кога ќе биде изведена танц-претставата „Без наслов“ на Скопје танцов театар, како и „Коските што доаѓаат доцна“ во режија на Мартин Кочовски и во изведба на Државниот театар од Приштина и „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на режисерката Билјана Радиновска во изведба на „Артопија“ од Скопје.

Покрај сценски изведби, во рамки на МОТ ќе има промоција на книгата „Рапсодија за театарот“ од Французинот Ален Бадју, еден од најголемите живи филозофи во Европа и светот.

Годинава МОТ имаше и претфестивалска програма (МОТ+). На 14 септември гостуваше белградскиот театар „Миксер Хаус“ со претставата „Догвил“ и беше отворена изложба на фотографии и постери на истакнатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски.

Изложбата, која вклучува фотографии од изданија на МОТ во периодот од 1984 до 1996 година во холот на МКЦ ќе биде отворена до затворањето на годинашниот фестивал (27 септември).

Од 15-ти до 19 септември во рамки на МОТ+ имаше и програма „Шекспир на филм“ и беа прикажани пет филма за великанот на светската драматургија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top