| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ќе се осмелите да користите мобилен зад воланот по оваа потресна исповед? (Видео)

Колку често погледнувате во мобилниот телефон додека управувате со вашиот автомобил? Сигурно често. Но, една секунда може да ве чини цел живот.

Во светот многумина се соочуваат со сообраќајни несреќи предизвикани од невниманието предизвикано од мобилниот телефон. Токму еден таков експеримент беше спроведен од страна на една американска телевизиска програма, која успеа да им ја подигне свеста на неколку млади луѓе, но и на сите оние кои го изгледале видеото.

kola-tel

Најпрво тие прашуваат група млади луѓе зошто го користат телефонот додека возат, а нивните одговори се бесмислени: За пораки,Фејсбук, Инстаграм, Твитер… Дали сето ова вреди колку вашиот живот?

НЕ! Девојката која ќе ја видите во видеото ја раскажува својата животна сторија. Имено, таа во сообраќајка ги изгубила родителите, а самата останала парализирана на едната страна од телото и се соочува со мноштво потешкотии во животот!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top