По седум илјади денари на сите оние кои имаат новороденче, по 14 илјади денари за секое трето дете, пет ваучери од по 30 илјади денари на машките лица кои стапуваат во брак по навршени 40 години. И оп, за три години наталитетот во Неготино е зголемен за дваесет проценти!
Неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов во просториите на општината, вчера додели сто ваучери за новороденчиња и ваучери за мажи кои стапуваат во брак по навршени 40 години. Апостолов нагласи дека Неготино спаѓа во редот на градовите каде сериозно и се пријде на оваа проблематика и има успех во практикувањето на мерките за зголемување на наталитетот кои ги донесоа Владата но и Општината.
-Ние практикуваме неколку мерки за зголемување на наталитетот. Покрај владините, практикуваме и наши општински мерки. Денеска по трет пат ја практикуваме ова мерка. Во Општина Неготино од август 2013 година родени се вкупно 600 дечиња- рече тој.
Апостолов нагласи дека со овие мерки кои даваат резултати, ќе се продолжи и понатаму. Задоволство од мерките, пред медиумите изрази и неготинката Билјана Трајкова.
-Во иднина само препорачувам, да се отворат повеќе места во градинките, бидејќи за да влезиме со децата овде чекаме ред, а имаме потреба од тоа бидејќи одиме на работа во смени. Инаку јас сега земав пари за второ дете. Мојот мотив е да го зголемам семејството- рече таа.
И Андов Милан потенцира дека за него оваа мерка е добредојдена. Мислам дека стимулацијата треба да продолжи да се практикува од локалната вчаст.- Секоја парична помош е добредојдена и сметам дека ке биде поттик за неготинските ергени- нагласи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата