Лошиот почеток во новата натпреварувачка сезона за момците на Славен Билиќ е речиси мал проблем во однос на оној кој го имаа навивачите на премиерлигашот Вест Хем.

Верните фанови кои цели 112 години го бодреа клубот од трибините на омилениот „Аптон Парк”, на крајот мораа да го напуштат овој објект во источен Лондон и да се преселат на новиот „Олимписки стадион”.
Навивачите мораа со солзи во очите да го напуштат култниот стадион на кој заедно ја делеа радоста и тагата, и како што велат „сите беа едно, а за победа беа сите”. На повозрасните навивачи „Аптон Парк” им недостасува многу повеќе отколку големиот и доста модерен нов „Олимписки срадион”, на кој „чеканите” ја започнаа новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата.
Токму за нив стариот стадион бил место каде што луѓето биле многу поблиску, место каде немало конфорд, но имало душа и историја, имало заеденички глас меѓу навивачите, како и близината до играчите.За разлика од стариот, новиот стадион на Вест Хем е многу постуден и навивачите не го чувствуваат единството.
Екипата почна да ги губи првенствените натпревари, преовладуваат нови правила, како забраната за стоење, која што беше традиција на навивачите на „чеканите” и тешко е да се навикнат на новите промени.
Но, она што можеби најмногу го погоди клубот и пред се навивачите е рушењето на комплетниот стадион што во минатото беше дом на малиот, а сепак голем ВЕСТ ХЕМ. Со серија експлозиви го разурнаа тревникот и дел од трибината на стариот стадион. Но, детонациите од експлозивите, димот и оганот, инвеститорите ги искористија за снимање на филмот „Конечен резултат”, што посебно ги налути фановите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


