| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Јанева ја покажа целата неукост, аматеризам и основно непознавање на правото

Професорката Тања Каракамишева Јовановска по вчерашното интервју на МТВ со Катица Јанева, како и по видеото објавено на Република е фрапирана од непознавањето на правната терминологија од човек поставен на толку висока функција.

-Вчерашното интервју, она скратеното, лепеното и монтираното, како и она интегралното, вистинското, оригиналното го допре дното на СЈО. Ја исфрли на површина целата неукост, целиот аматеризам, непрофесионалност и основно непознавање на правото што е невиден срам не само за правната професија, туку и срам за државата.

Елоквентноста, говорот е основната алатка со која треба непречено да се служи секој правник, а да не зборуваме за јавен обвинител или судија. Ако не знае да говори не смее да биде јавен обвинител. Без елоквентност не може да ја врши својата професија. Тоа е исто како за хирург да кажете не треба да има прецизни раце- вели Каракамишева Јовановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top