| четврток, 6 декември 2018 |

Кујната како моден детаљ на станот

 

Комбинацијата на кујна и дневна соба можеби не изгледа како најсреќно решение, но ако е уредена во модерен стил со елементи од грубиот индустриски шарм, може да биде и полн погодок, особено за малите простори.

212-soveti-za-domot-1

Ваквото соединување на кујната и дневната во таканаречен отворен простор придонесува секој квадрат да биде искористен, а да не се наруши удобноста на домот.

212-soveti-za-domot-8

Ѕидовите на дневната соба се прекриени со суров бетон, исто како и подот и плафонот, што е карактеристична на индустрискиот стил. Бетонот создава модерен амбиент, кој се ублажува со бојосано дрво и пастелни акценти во кујната.

212-soveti-za-domot-2

Кујнските ѕидови можат да бидат прекриени со штици или вратите на елементите да бидат од светло дрво, што дава одличен контраст. Полиците за книги во дневната соба ќе ја продолжат истата идеја. Столовите исто така се модерни, во индустриски стил, со метални шипки на наслонот.

212-soveti-za-domot-5

Просторот може да се облагороди со жолти детали или дрвени елементи бојадисани во интензивна боја, кои ќе му дадат топлина на студениот бетон.

212-soveti-za-domot-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top