| четврток, 6 декември 2018 |

Инсталирани повеќе нови канализациски мрежи во Гевгелиско

cevki

Со околу 50 милиони денари, Општина Гевгелија во повеќето населени места инсталира нови канализациски мрежи кои беа приоритетни проекти во програмата за подобрување на квалитетот на живеење што ја реализира тимот на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.

Инаку, денеска заврши изградбата на новата канализациска линија во селото Моин за која беа потрошени 8,3 милиони денари, а во завршна фаза се работите околу поставувањето канализација во селото Давидово, која ќе чини 8,9 милиони денари.

– Овие два проекта ги реализираме со средства од програмата на ИПАРД  преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. Во Давидово малку доцниме со реализацијата поради проблеми со земјиштето и некои измени и дополнувања што беа направени на проектот. Пречките се отстранети и очекуваме канализацијата и во Давидово да биде готова наскоро – информираат надлежните од Општина Гевгелија.

Претходно, со финансиска помош од програмата за канализациски системи на Министерството за транспорт и врски беа изградени и предадени во употреба канализациските мрежи во Прдејци и Мрзенци за што се потрошени 31 милион денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top