Социјалдемократите почнаа да ја применуваат двојазичноста што ја најави Зоран Заев.
Медиумите кои известуваат на албански јазик добиле електронско писмо од партиската адреса напишано на албански јазик. Покрај електронската пошта, СДСМ и целото соопштение го напиша на албански јазик.
Интересно е тоа што меѓу адресите може да се забележат и адреси на новинари и медиуми од Косово, па, логично, се поставува прашањето зошто СДСМ за своите партиски активности известува во соседна земја.
Зоран Заев уште минатата недела во интервју за еден од порталите кои се уредуваат на „Бихаќка“ најави дека доколку СДСМ дојде на власт, Македонија ќе стане двојазична земја, односно ќе инсталирал албански јазик и во средини каде што воопшто не живеат припадници на албанското малцинство. Тој најави дека децата уште од градинка ќе го учат албанскиот јазик.
Следеа остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ, комплетната македонска дијаспора, но и речиси сите помали политички партии. Заев поддршка доби само од албанските политички партии, од кои дел уште претходно признаа дека со лидерот на СДСМ разговарале за редефинирање на Македонија.
Реагираа и граѓанските здруженија. Од ГДОМ излегоа со став дека изборите на 11 декември се вистински референдум потсетувајќи ги Македонците дека секој глас даден за СДСМ и Зоран Заев е глас за федерализација на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)