| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем остана без напаѓач, Кејн ќе паузира два месеца

kari-kejn

Тотенхем се соочува со огромен проблем откако најдобриот фудбалер на оваа екипа и репрезентативец на Англија, Хари Кејн, заработи сериозна повреда на дуелот со Сандерленд. Кејн го постигна победничкиот погодок за „спарси“, но веднаш потоа поради повреда на скочниот зглоб на носилки го напушти теренот. Во таборот на лондочани се во исчекување на резултатите од деталните лекарски прегледи, но според англиските медиуми веќе е јасно дека повредата воопшто не е наивна. Весникот „Дејли мејл“ во своето денешно издание објави дека не станува збор за скршеница, но Кејн во секој случај ќе мора да паузира два месеци од фудбалските терени бидејќи има оштетување на лигаментите во зглобот.

Кејн лани беше предводник на тимот на Тотенхем што заврши на третото место на табелата, а долго време беше рамо до рамо со Лестер во трката за титулата. Останува да се види како „спарси“ ќе се снајдат без својот најдобар стрелец, во чиешто отсуство шанса ќе добие Винсент Јансен, кој летово пристигна на „Вајт харт лејн“ од холандскиот прволигаш АЗ Алкмар.

Тотенхем моментно е третопласиран на табелата во Премиер-лигата со 11 бода, четири помалку од лидерот Манчестер сити, а еден повеќе од Арсенал, Челси и од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top