Карим Бензема го уценувал својот соиграч од националниот тим на Франција, Матие Валбуена со закана за објавување секс-снимка. Скандалот ја потресе фудбалска Европа кон крајот на минатата година, а двајцата фудбалери ги сносија последиците. По неколку месеци, Валбуена одлучи да проговори за ситуацијата и за неговиот однос со Бензема.
– Минатата сезона за мене беше ужасна. Ова лето дури бев и на трансфер-листата и воопшто не ми беше лесно. Искрено, не зборував со Бензема по сè што се случи, ниту, пак, имам намера да го направам тоа во иднина. Ги гледав сите натпревари на Франција на Европското првенство и ме боли што не добив шанса да играм. Нема да се откажам и сакам повторно да се изборам за место во репрезентацијата. Ќе направам сè што е во моја можност да успеам во Лион, ова е одличен клуб. Веќе не сакам да зборувам за секс-скандалот, тоа е минато, а Бензема е мртов за мене. Покажа дека е ѓубре од човек. Нема да ми биде проблем да играм со него во репрезентацијата, но нема да се поздравиме – објасни фудбалерот на Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.