Девојче од Битола е брутално силувано во својата куќа, а мајката на првите соседи за силување на нејзината ќерка им наплатувала од 500 до 1.000 денари, пренесува Вест.мк.
Жена од Битола, чие име не е соопштено, ја продавала својата 11- годишна ќерка на соседите, а додека тие ја силувале, мајката на ќерката и ги врзувала очите и и ги држела нозете. Кога девојчето се спротивставувало, мајката го бодела со нож и го тепала со метла.
Очевидците од монструозниот чин биле нејзините брат и сестра, на кои мајката им се заканувала ако проговорат нешто од тоа што го гледаат.
Тоа сепак дошло до полиција. Мајката е уапсена, а подоцна и осудена на 10 години затвор, но пресудата сеуште не е правосилна. Затворска казна од 8 години е изречена и на двајца мажи кои го силувале малолетното девојче. Сето ова се случувало уште во 2011 година пред очите не повозрасниот брат и нејзината сестра кои на крај раскажале на својот татко кој живеел во едно битолско село, па тој веднаш пријавил во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.