| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту МТВ на чело со Аргирова не успеа да ѝ го сокрие срамот на Катица Јанева (ВИДЕО)

Иако СДСМ ветуваше професионализација на МРТВ со инсталирањето на својот партиски уредник, вчерашното интервју со Катица Јанева беше вистински пример за тоа како изгледа новинарството замислено од опозицијата. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва имаше скандалозно свое интервју во Дневникот на јавниот сервис. Меѓу новинарите има единствен став, интервјуто на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.

Таа целосно се посрамоти со своето однесување додека одговараше на прашањата кои веќе ги држеше во рака и кои ги добила уште долго пред да се снима интервјуто. Катица Јанева очигледно немаше капацитет ниту да ги научи на памет прашањата кои самата си ги нарачала да ѝ бидат поставени од МТВ. За сето тоа да не изгледа толку скандалозно, како што впрочем и изгледаше, монтажерите во јавниот сервис се потрудиле секогаш кога Катица Јанева ќе ги стави очилата за да го прочита одговорот на прашањето што сама си го поставила, тие вметнуваа инсерти, иако целосно неповрзани со разговорот, за колку толку да може да биде прикажана како елоквентна.

Дури и во ваква ситуација, Јанева не ги знаеше одговорите на прашањата иако и нив ги имаше напишано на листови хартија пред себе. Се обиде да ги чита, но и тоа тешко ѝ одеше од рака.

Содржински интервјуто изгледаше онака како што се очекуваше. Катица Јанева не кажа буквално ништо. Ниту збор за тоа каде отидоа милион евра за шест месеци, зошто Верушевски доби слобода, а Талевски притвор и уште серија други прашања.

Јанева целосно се посрамоти пред македонската јавност, од чијшто џеб зема мегамесечни примања веќе цела година.

Новинарите имаат единствен став – интервјуто на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.

Откако СДСМ ја постави Санта Аргирова како партиски кадар за уредник во МТВ, јавниот сервис вечерва доживеа голем дебакл. Иако сопартијката на Заев се потрудила навреме да ѝ ги даде прашањата на Јанева, интервјуто прерасна во циркус кој се развлекува по социјалните мрежи , па граѓаните со право поставуваат низа прашања во врска со капацитетот на специјалната јавна обвинителка.

cvetin-cilimanov-katica nonkovik-janeva

janeva-cvetin

1janeva-komentari 2janeva-komentari

 

3janeva-komentar 4janeva-komentari

5janeva

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top