| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојници „соголиле“ фудбалски клуб во Венецуела

fc

Играчите на венецуелскиот фудбалски прволигаш Трухиљанос биле ограбени „до гола кожа“, кога се враќале од првенствениот натпревар и поразот од 1-2 на гостувањето кај Монагас.

Шестмина вооружени разбојници го запреле автобусот со фудбалерите, па потоа повеќе од два часа ги држеле на нишан и за тоа време им однеле сѐ што имале во тој момент со себе, вклучително и тоа во што биле облечени.

– Ни земаа апсолутно сѐ, вклучително и дресовите и копачките и топките, објави клубот покрај фотографијата од играчите кои останале без маици и обувки по грабежот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top