| четврток, 6 декември 2018 |

Новите мерки за спортот ќе решат долгогодишен проблем и ќе донесат големи резултати за државата

Директни вложувања и финансирање во спортот може да донесе големи резултати за државата, сметаат спортските работници. Тие очекуваат во иднина федерациите и спортистите да постигнат големи резултати.

Освен засилена поддршка на екипните спортови кај нас како што се фудбалот, кошарката, ракометот и одбојката, значајно подобрување на финансирањето очекуваат и малите спортови кои со тоа чекаат и подобри денови.

ilco-merki-640x393

За добро упатените нема дилеми, дека новиот сет мерки ќе биде нешто од кое корист ќе имаат повеќе страни.

Она што досега беше проблем од аспект на финансирање на спортските федерации или клубовите, сигурно дека со овој сет мерки ќе биде решен. Тоа е проблем кој наназад се проткајува повеќе години. Ќе создаде интерес кај компаниите кои досега за жал не пројавуваа интерес за вложување во спортот, рече Илчо Ѓорѓиоски претседател на ФФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top