| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово има повеќе од 300.000 парчиња нелегално оружје

Неофицијалната статистика говори дека во рацете на косовските граѓани, без дозвола се над 300 илјади парчиња оружје, објави весникот „Зери“.

Како последица на тоа и бројот на инцидентите и убиствата добиваат загрижувачки размери. Експертите од областа на безбедноста бараат од надлежните институции да го спроведат законот кон оние кои поседуваат оружје без дозвола. Исто така се бара прогласување амнестија за доброволно предавање на оружјето, пренесува „Зери“.

Во изминатиот период од годнава регистрирани се 23 убиства, додека бројот на инцидентите во кои се употребува оружје без дозвола бележат раст.

– Само изминатава недела се случија неколку вооружени инцидени во центарот на Тирана, меѓу кои и оној на познатите пеачи-рапери Илбер Абдулаху, познат како Козман од Албанија и Ригелс Раку, познат како Нојзи од Косово, во кои имаше и ранети, наведува весникот.

Инаку, според полицијата во периодот од јуни 1999 до 2014 година во Косово се случиле околу 1.500 убиства извршени од различни мотиви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top