| четврток, 6 декември 2018 |

Венцислав Ристов автор на документарниот филм за бегалците – добитник на наградата „Љубе Цветановски 2016“

Жирито при Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје, за документарно-креативен филм во состав: Диме Ратајкоски – претседател, вонр. проф. Мишо Нетков и доц. Гоце Цветановски – членови, од 10 пријавени филмови, ја додели наградата „Љубе Цветановски 2016“ на филмот „Виа Македонија“ на младиот македонски сниматели Венцислав Ристов во продукција на „Канал 5“. Наградата што го носи името на Љубе Цветановски, легендарен македонски документарист, оваа година ја понесе овој потресен филм, за мигрантската криза во Р. Македонија.

Наградата ќе се додели на првиот академски час на Универзитетот, што ќе се одржи на 21 септемвери 2016 година, во 11.30 ч. во салата на Кинотека на Македонија.

Истиот ден со екслузивно присуство на шест амбасадори од ЕУ ќе биде прикажан филмот„Европа мојот идентитет“ што студентите на ЕСРА го работеа со нивните колеги од повеќе европски земји.

Во рамките на академскиот час ќе биде доделена и специјалната награда на меѓународното жири на НЕТА (Нова европска театарска акција) во рамките на 24. Мегународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на студентите на класата на проф. Мето Јовановски.

Академски поздрав од новата генерација студенти – екслузивен спот „My Little One“ на легендата на македонската музика Тоше Проески со неговиот внук Кристијан Ристески, студент на прва година на Факултетот за применета музика.

На крајот свечено ќе бидат доделени и на индексите на новозапишаните студенти на универзитетот и дипломи на новите професионалци во аудиовизуелните уметности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top