| четврток, 6 декември 2018 |

Вода, храна, радио и батерии – и Виена се подготвува за најлошото

viena-avstrija

Претпријатието задолжено за превентивна политика на Виена „Помагачи на Виена“ ги повикало граѓаните да направат привремени резерви на храна и вода за надминување на можните проблеми со снабдување.

Во летокот кој им бил пласиран, граѓаните се советуваат да направат резерви од вода и долготрајни прехранбени производи.

Претседателот на здружението „Помагачи на Виена“, петседателот на Собранието на покраината Виена, Хари Копиц, укажува дека е обезбедено снабдување со вода, но сешто може да се случи. Тој нагласува дека, на пример, земјотрес би можел да го прекине системот за снабдување со вода.

-Затоа е корисно да се има дома вода и храна за околу 3 дена – објаснува тој.

Копиц укажува дека може да дојде до прекинна снабдувањето со струја, опасност за која веќе подолго време се дискутира во Европа, па затоа е добро граѓаните да набават и „едноставни извори на енергија и светлина“ – радио и батерии.

Исто така, на летокот пишува дека би било добро граѓаните да го обноват приборот за прва помош, но и да го обноват знаењето од таа област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top