Неодамна во Нови Сад се случи несекојдневна љубовна приказна. Новосаѓанецот Ласло Фодор (53) толку многу се вљубил во извесна Оливера (44), што ѝ испишал преку 100 љубовни графити.
И навистина, поромантично не може да биде, арно ама овој романтичен почеток Оливера го претворила во трагичен крај. Набрзо го подбрала, па со тупаници и шипка го претепала, за што добила и прекршочна пријава. Во меѓувреме Лацика добил отказпоради медиумско внимание, а му се подготувува тужба за вознемирување.
-Седум години ај познавам жената во која сум лудо вљубен. Не мислев да направам нешто лошо. Пишував графити по градот за да ѝ покажам колку ми е важна. Можеби сите мислат дека е детинесто, но сакав да направам нешто оригинално за да ѝ се допаднам. Зад себе имам брак од 27 години. Разведен сум, а таа не е мажена, вели Ласло – Лацика.
Сепак, тој не се откажува од својата Оливера.
-Испшав графити од Нови Сад до Беочин, вели Ласло и некрие дека малку и претерал – „Го напишав дури и бројот на регистерските таблички и презимето, за да не ме помеша со некој друг“.
Сепак, наместо да се вљуби, Оливера се налутила, но дури и кога јадел ќотек, Ласло бил џентлмен и не ѝ вратил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.