Градот е преплавен од политички графити, што пред избори, што после избори. Граѓаните се изреволтирани од користење на фасадите на зградите за праќање на политички пораки и бараат политичките партии да си ги рекламираат кандидатите на паноата одредени за изборно претставување. Градските власти, апелираат да не се нагрдуваат фасадите за време на изборната кампања и апелираат до партиите рекламните плакати да не ги лепат по ѕидовите на зградите, оградите и секаде каде што ќе им текне.
Од Град Скопје велат дека со закон се определуваат само местата на кои ќе се лепат плакати, а што се однесува до графитите кои се пишуваат и цртаат на фасадите велат дека сторителите ќе бидат казнети доколку бидат фатени на дело.
Пред секоја изборна кампања граѓаните се принудени да гледаат најразлични политички графити, кои често се вулгарни, навредливи и недолични, а потоа да ги пребојадисуваат фасадите. Многупати тие колективно собирале пари за обнова на домовите и ги фарбале фасадите, но истите повторно биле злоупотребени.
Речиси секојдневно се појавува по некој нов графит со политичка содржина, а нивниот број се зголемува пред и после секои избори во Македонија. Граѓаните сметаат дека партиите треба да поведат сметка околу своите подмладоци и да се заложат нивните млади активисти да го чуваат, а не да го нагрдуваат градот.
Градските власти апелираат до партиите рекламните плакати да не ги лепат по ѕидовите на зградите. Од Град Скопје велат дека со закон се определуваат само местата на кои ќе се лепат плакати, а што се однесува до графитите кои се пишуваат и цртаат на фасадите велат дека сторителите ќе бидат казнети доколку бидат фатени на дело.
Испишувањето на било какви графити е казниво и градските инспектори може да казнуваат за испишување на јавни површини. Покрај градските инспектори за истото може да казнуваат и општинските инспектори и полицијата. На приватните површини проблемот го регулираат сопственивците на објектите во соработка со надлежните органи. Проблем во санкционирањето на несовесните поединци кои го нагрдувааат ликот на градот со испишувањ на секакви графити, е тоа што мора да бидат фатени во вршењето на прекршокот од страна на инспекторите, велат од Град Скопје за „Вечер“.
Град Скопје од своја страна во пресрет на кампањата пред секои избори обезбедува паноа за бесплатно рекламирање на организатрорите на кампањите и преку распишување на јавни повици на сите пријавени партии им обезбедува подеднаков простор за плакатирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.