| четврток, 6 декември 2018 |

Македонката Оливера Ѓоргоска ќе се натпреварува во „Америка има талент“

oli

Македонската пејачката Оливера Ѓоргоска која пред четири години замина за Флорида, САД на магистерски студии по соло пеење, ќе се натпреварува во 11-сезона популарното музичко шоу „Америка има талент“.

Оливера која по потекло е од Прилеп во моментот е на докторски студии на Универзитетот во Лас Вегас, Невада, а тамошниот престој го искористи да се пријави во едно од најпопуларните талент шоуа во САД.

Атрактивната пејачка која пред неколку години започна музичка кариера во Македонија, реши да си ја проба среќата во САД и наскоро ќе се појави лице в лице со познатиот британски  продуцент, ментор и судија во жирито на шоуто „Америка има талент“, Сајмон Кауел, кој годинава го замени местото на популарниот водител Хауард Стерн.

Деновиве започнаа аудициите за новата сезона на  музичкото шоу, а Оливера на својот профил на Фејсбук објави неколку фотографии од бекстејџот гордо покажувајќи го својот  реден број.

pee

pee2

pee3

pee4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top