Пред осум години на Видовден Данило Дача Икодиновиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во која едвај преживеа и која го означи крајот на неговата кариера, а славниот ватерполист сега откри неколку детали од таа кобна ноќ 2008 година.
Неколку години по несреќата, тој и Наташа Беквалац се разведоа, а Данило не сака премногу да зборува за сообраќајката која му го промени животот.
Во емисијата „Ексклузив“ тој открива дека најтешко му било кога во најтешките моменти поединци му го свртеле грбот.
-Јас сето свое го платив затоа што можев материјално да платам. Фала богу немаше тешки последици по другите освен за мене. Подоцна наредните шест месеци се провлекуваше дека сум имал намера да го убијам тој човек. Не сум, погрешив, испив, возев брзо, катастрофата сам ја направив, но на себе. И на моето семејство и мојот татко и мојата сестра им направив катастрофа. На останатите не.
Никој тоа повеќе не го почувствува освен нив тројца“, заклучи Дача.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)