| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Кој нормален ќe верува дека СЈО е институција, а не локален огранок на струмичкиот олигарх

Планот за државен преврат во Македонија, како и во Турција, не успеа затоа што народот во големо мнозинство се спротивставува на тоа. Пред сѐ, заради свој интерес. Не сака неизвесност, судири, сиромаштија и корупција кои кај СДСМ се дел од карактерот, пишува Латас во последната колумна „Летање“.

Промашување е и лидерството на превратниците: кримоген олигарх како Заев и кримогена заменичка како Шекеринска не се прифатливи ни за комшиии, а не за лидери.

Кога тие со месеци однапред најавуваат што и како треба да прави СЈО, кој да биде гонет, а кој суден, а тие ослободени за своите криминали, а СЈО исполнува – кој нормален ќе верува дека СЈО е институција, а не локален огранок на струмичкиот олигарх.

И, што да се прави. Немирни денови следат во кои ние сме внесени без своја волја, и без своја заслуга. Треба да се следи сопствениот ум и интерес, и ништо друго.

Амбасадорите доаѓаат и заминуваат, „шарените“ веќе влегуваат во политиката и Собранието, и со тоа го губат вкусот на граѓанско движење, станувајќи дел до калта која ја прозиваа. Треба да се издржи сега, за да се постои и живее како човек утре.

Никакви промени на национално име, никаква двојазичност и федерализација. Ако тоа помине, ние поминуваме како Србите и Турците што поминаа на Косово. Како бегалци во транзит. Засекогаш. Најпосле, никој не може да нѐ натера на тоа со сила.

Кога сме кај СЈО… гледам мојата омилена обвинителка Ленче Ристовска ја скратила косата. А реков дека ако паднам кај СЈО, нека паднам во нејзини раце за обострано добро.

Не ѝ личи новата фризура, ја загубила женственоста и нежноста. Ако ме вика во СЈО нека почека додека ѝ се врати старата добра фризура, со неа ја обожавам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top