Хрватска во неверување, Ријана доаѓа во Сплит и тоа да пее на свадба. Сепак, оваа свада не беше обична, локална, туку тридневен ултралуксузен спектакл што го организираа супербогати Израелци, објави „Слободна Далмација“.
-Да, да, цел Трогир зборува за тоа, наводно ќе пее на венчавката на богата двојка во хотелот во кој е сместен и Тони Блер („Браон бич хаус“) – вели уредникот на хрватскиот портал.
Колку и да звучи неверојатно пејачката од Барбадос да пее по свадби, од друга страна неодамна и Роби Вилијамс за еден час пеење на чешка свадба инкасира милионче.
Во Трогир раскажуваат дека свадбата започнала уште во четвртокот, со прегласна музика, а во петокот по обредот имало огномет каков што не виделе. Тие се свесни дека нивниот Трогир станува свадбена дестинација на богатите и славните, па почнуваат да се навикнуваат на посебниот режим на сообраќај и воопшто живот што го диктира ваквата слава.
Богатиот Израелец кој го закупил луксузниот хотел за својата свадба е 44-годишниот Јоси Елијаху, сопственик на синџир ресторани во Холандија и во Англија, а невестата извесна Стефни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.