Реал Мадрид продолжува со стопроцентниот учинок во новата сезона во Примера дивизија и по четири кола имаат 12 бодови. „Кралевите“ вечерва славеа во Барселона против тимот на Еспањол со сигурни 0-2, триумф што е уште позначаен ако се знае дека е остварен без помошта на Бејл и Роналдо, кои поради повреди не отпатуваа за Каталонија. Воедно, ова беше 16. победа во низа за „кралскиот клуб“ во Примера, со што Реал го израмни рекордот на Барселона од сезоната 2010/2011 за најдолга победничка серија во историјата на елитното шпанско фудбалско натпреварување.
Џејмс Родригез беше човекот на одлука на овој меч, откако Колумбиецот постигна гол во финишот од израмнетото прво полувреме и покажа дека заслужува позначајна улога во тимот од онаа што ја добива од тренерот Зидан. Откако веќе дојдоа до предност, „кралевите“ почнаа да го контролираат темпото, па во вториот дел постигнаа нов погодок, преку Бензема, кој ги постави конечните 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)