| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС: Извршителот на вчерашниот напад со нож во Минесота е војник на Исламската држава!

Нападот со студено оружје во кој во саботата беа повредени осум лица во трговски центар во американската сојузна држава Минесота „го изведе војник на Исламската држава“, извести во неделата новинската агенција Amaq, која се користи како пропаганден медиум за екстремната сунитска организација.

„Извршителот на вчерашниот напад со нож во Минесота е војник на Исламската држава“, јавила агенцијата.

Според Amaq, овој напад е „одговор на повиците на Исламската држава да се напаѓаат државјаните на земјите учеснички во крстоносната коалиција“. Притоа се алудира на земјите кои учествуваат во меѓународната коалиција предводена од САД која ја напаѓа џихадистичката групација во Ирак и во Сирија.

Според американската полиција, маж кој го „изговарал името на Алах“ ранил осум лица во саботата навечер во трговски центар во Минесота, на северот од САД, по што бил застрелан од полицаец кој не бил на должност.

Во повеќе наврати ова ултрарадикална сунитска групација да изведуваат напади во земјите кои се борат против неа на Блискиот исток. Исламската држава претрпе тешки воени порази, но уште држи значителни територии во Сирија и Ирак, и продолжува со убиствени напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top