Две лица загинале во пукање на бензинска црпка во нов вооружен инцидент во Словенија во неделата утрото во Ајдовшчина во близина на Нова горица, во северозападниот дел од земјата, објавија локалните власти, а според медиумите станува збор за пресметка поради долгови.
Истрагата за инцидентот продолжува, но според првичните сознанија на паркингот од бензинската црпка се скарале и се судриле двајца жители од околината, при што 59-годишниот со пиштол за кој имал дозвола повеќепати пукал повеќепати во 64-годишник и го усмртил, а потоа се самоубил.
Убиецот и жртвата се познавале, рекол за STA началникот на секторот на криминалистичката полиција на Полициската управа Нова Горица, Марини Пангос, и додал дека најверојатно станува збор за лечен спор.
Медиумите наведуваат дека станувало збор за трагедија околу позајмени пари, како и дека убиецот на жртвата ѝ го попречил патот со својот автомобил прашувајќи го кога ќе му ги врати парите, а потоа пукал во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.