| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските компании имаат сè поголема корист од странските инвеститори, годинава добиле 50 милиони евра

Соработката на домашните со странските инвеститори во Македонија е растечка и од година во година е се поголема, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој присуствуваше на отворањето на канадската компанија „OneContact“, која инвестираше во отворање на нов кол центар во Скопје, во кој ќе се вработат најмалку 200 граѓани.

Тоа е така затоа што секоја година има се повеќе странски инвестиции и нови компании и заради тоа што домашните компании веќе ја препознаа можноста да го искористат тоа нивно присуство, да станат нивни добавувачи и на тој начин да добијат работа која што е поврзана со глобални играчи, индиректно преку компаниите од странство кои во Македонија отворија свои фабрики. Последниот податок за минатиов период  е 50 милиони евра средства кои странските компании кои отворија свои фабрики во Македонија ги потрошија за добавување од  македонски компании. Таа бројка е растечка, едно време беше 20, 25, па 30 милиони евра, сега веќе е 50 милиони евра на годишно ниво. Тоа покажува дека се поголема корист имаат домашните фирми и домашните компании од присуството на странските компании во Македонија, рече Груевски.

gruevski-izjava-640x429

Тој потенцира дека доколку не дојдоа тие странски компании, постоечките македонски фирми ќе имаа помалку работа за 50 милиони евра, што е значителен износ.

Вклучени се огромен број на компании кои соработуваат со нашите компании и тоа е добро. Странските компании се повеќе гледаат можности во домашните компании затоа што многу често нашите се поконкурентни во најмала рака од аспект на близината, транспортот и цените кои ги нудат, рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top