Синоќа турскиот гигант Галатасарај ја забележа третата победа во новата сезона од турската Супер лига. На домашен терен поразен беше Ризеспор со 2-0, а момент за памтење имаше швајцарскиот интернационалец Ерен Дердијок.
28-годишниот голгетер ги постигна двата гола за Галатасарај, но првиот беше вистинско ремек дело. Во 6. минута Снајдер нафрли од десната страна, а Дердијок во стилот на врвен стрелец со „ножички“ ја „заби“ топката во мрежата на Ризеспор. Сите останаа одушевени, па и најновото засилување Најџел Де Јонг.
Погледнете ги овие спектакуларни „ножички“ на Дердијок од повеќе агли.
Eren Derdiyok attığı 2 gol tribün çekim asistler Wesley Sneijder pic.twitter.com/FxUOjiQwxw
— MET ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@noname1905GS) September 17, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)