Велосипедски излет посветен на Европската недела на мобилноста ќе се одржи денеска во парк шумата Гази Баба, како дел од третиот ден од Европската недела на мобилност 2016.
Настанот што е во организација на здружението „Прв до врв”, а поддржан од Град Скопје е наменет за сите кои сакаат викендот да го поминат со својот велосипед, заедно со своето друштво или семејство и да се забавуваат на излет со музика и во друштво на љубители на велосипедите. На велопикникот и на промоцијата на тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба” ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Пикникот ќе почне со истражување на парк шумата Гази Баба, каде учесниците ќе можат да се запознаат со патеките што оваа локација ги нуди за рекреација со велосипед, а потоа од 12 часот е предвидена музичка програма и забава за присутните на пикникот.
Европската недела на мобилноста е кампања за креирање навики и алтернативи за одржлив транспорт на луѓето кои живеат во градовите. Во кампањата учествуваат 1966 градови во Европа, меѓу кои и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трајковски: Градба на училиште, спортска сала, набавка на комунални возила, проширување на улици во Хиподром
-
Трајковски со докази го замолкна Георгиевски: Ветуваш проекти кои се реализирани
-
Трајковски: Граѓаните ќе ги казнат СДСМ поради притисоците, заканите и уцените од првиот круг
-
Дрско продолжува поткупот на гласачи за втор круг: Во моментов се дели брашно и прехрамбени продукти во Гази Баба