Поткупот на гласачи од страна на СДСМ продолжува и во вториот круг на изборите. Имено денеска забележани се партиски активисти на СДСМ во Булачани, општина Гази Баба, како делат брашно и други прехранбени продукти низ селото, со барање истите да гласаат за СДСМ. Поткупот на гласачи беше забележана појава и во првиот круг, кога медиумите објавуваа фото и видео материјал од активисти на СДСМ и државни функционери како делат брашно и прехранбени намирници, а неретко и пари за што граѓаните се погласно зборуваат.
Изборите во недела поминаа целосно во светло на поткуп на гласачи, освен брашно и прехранбени намирници делени се и пари. Информациите од терен кажуваат дека во кафуле во Сингелич, во скопската населба Гази Баба од страна на активисти на СДСМ организирано е давање на поткуп за гласачите од тоа гласачко место.
Поткуп на гласачи како што пишувавме во текот на првиот изборен круг забележано е во прилепската населба „Тризла“ каде партиски активисти на СДСМ во придружба на директорот на центарот за социјални работи од Прилеп делеле брашно, зејтин и други прехранбени продукти. Истата шема со поткуп, притисоци и уцени како што гледаме од скопска Гази Баба се спроведува и сега. Изборниот криминал спроведуван од страна на СДСМ и државни функционери останува некзанет, а институциите се неми пред класичните злоупотреби и криминал од страна на власта.
Граѓаните од скопски Чаир пријавуваат дека локалното албанско население вршело притисок кај ромската популација во населбата. Целиот овој криминал, уцени и притисоци, останаа неказнети и несанкционирани од страна на надлежните органи.
Сите овие криминали и докази за изборен поткуп се јасен индикатор дека овие избори се најнефер спроведените избори во историјата на независна Македонија, со поткуп на гласачи, активно учество и злоупотреба на полицијата како и уцени, закани и притисоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.