Околу 21 часот по локално време експлозија го потресла Менхетен, четврт во Њујорк, САД. првичните информации велат за 29 повредени. Детонирана била експлозивна направа, а во близина е пронајдена уште една направа која не експлодирала.
Првата констатација на полицијата, која соработува со ФБИ, е дека не се работи за тероризам, а се уште се трага по сторителот.
Оваа експлозија се случува само неколку часа по експлозија на бомба во Њу Џерси, каде била поставена во канта за отпад, заради што беше откажана и трката на американските ветерани. Во оваа експлозија немаше повредени.
Сепак, и полицијата и пожарникарите и другите градски агенции не се достапни за било какви детални информации, пренесуваат светските агенции.
Информациите се споделуваат преку Твитер, каде пожарникарите објавија ја објавија локацијата на експлозијата, округот Челси и дека се повредени 25 цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.