| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе биде сончево, а попладне е можен дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне и попладне, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните и ноќните часови повеќе врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а УВ индексот ќе биде со вредност 5.

Подрачјето на земјата постепено потпаѓа под влијание на циклонска активност од Медитеранот. Така, во недела попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови во западните делови. Количесвото на наврнат воден талог ќе биде умерена.

Во Скопје повеќе услови за нестабилност има во недела попладне и кон крајот на денот.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
.
Од вторник под влијание на постудена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено во вторник.

Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната недела ќе се движат од 17 до 23 степени.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top