| четврток, 6 декември 2018 |

Фаворитите сигурни, Лајпциг славеше кај Хамбургер (видео)

cabi-alonso

Двата најголеми фаворити за освојување на првото место во Бундес лигата оваа сезона, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд без проблеми славеа на домашен терен победи над Инглштад и Дармштад.

Актуелниот шампион Баерн беше изненаден на почетокот на мечот бидејќи гостите рано поведоа со голот на Лекано во осмата минута. Левандовски експресно возврати за изрманување, а работите си дојдоа на свое место во вториот дел кога Чаби Алонсо и Рафиња по поставија конечниот резултат од 3-1. Вреди да се спомене дека Инглштад имаше свои шанси за гол во второто полувреме кои не ги искористи.

Борусија Дортмунд убедливо го совлада Дармштад со 6-0, иако тренерот Тухел реши да ги остави на клупата за резерви речиси сите „ѕвезди“ од својот тим. Обамјанг, Геце, Кагава, Бартра, како и повредените Шурле и Ројс не настапија, но затоа оние кои се појавија на теренот се покажаа во одлично светло и го торпедираа составот на Дармштад. Гонзало Кастро постигна два погодоци за „милионерите“, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа младиот Пулишиќ, Рамос, како и „резервистите“ Роде и Емре Мор.

Новиот прволигаш Лајпциг го декласираше на гостински терен составот на Хамбургер со 0-4, а Баер Леверкузен загуби со 2-1 на гостувањето во Франкфурт против Ајнтрахт откако Чичарито Ернандез промаши пенал во 88. минута.

Резултати Германија:

Борусија Д. – Дармштад 6-0, Баерн Минхен – Инголштад 3-1, Ајнтрахт – Баер Л . 2-1, Хамбургер – Лајпциг 0-4, Хофенхајм – Волфсбург 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top