| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Не однесувајте се кон новинарите како ИСИС и Северна Кореја

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува физичките и вербални напади врз новинарите на Република и Сител од страна на СДСМ и соработниците на Катица Јанева. Срамно и недолично е да се нарачуваат хајки и физички да се напаѓаат новинари само затоа што на СДСМ и на Катица Јанева не им се допаѓа тоа што професионално ја вршат својата работа, изјави на денешната прс-конференција членот на Извршниот комитет од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

-Ова е само продолжување на срамниот однос на СДСМ кон медиумите којшто во континуитет потсетува на тоталитарната матрица на оваа политичка партија.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев ги прогласи за свои политички непријатели сите медиуми врз кои тој нема контрола и кон нив се обраќаше со речник од којшто се срами секој граѓанин на Република Македонија. На новинарите со затвор јавно преку Фејсбук им се закануваше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Хулиганите на СДСМ физички напаѓаа новинари и буквално демолираа редакции коишто се означени како непријатели на СДСМ од страна на Зоран Заев. Сопружниците Ременски упатуваа срамни закани кон новинари кои не известуваат по насоките на „Бихаќка“.

СДСМ бараше драконски и невидени казни и одземање лиценци за сите медиуми кои што не известуваат по волја на Заев, Шилегов, Шекеринска, Ременски и останатото раководство на СДСМ, вели Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува поделбата на новинарите на добри и лоши, а единствен критериум за тоа е дали седеле на иста кафанската маса со Заев.

За СДСМ се добри само новинарите над кои има целосна контрола, оние кои седат на иста кафанска маса со Зоран Заев, учествуваат во вандалските протести во кои се сквернават споменици и се напаѓа полицијата и му отстапуваат огромен простор секој ден на СДСМ за промовирање на нивните манипулациите и деструктивните кампањи. Ваквите новинари Заев и СДСМ ги згрижуваат и во највисоките партиски тела и ги ставаат на највисоките позиции на листите за пратеници. За останатите има нарачки на хајки и физички напади. Врв на срамот, смета Ѓорчев.

Владејачката партија ги повикува СДСМ и Катица Јанева да им се извинат на медиумите и да престанат кон нив да имаат однос каков што имаат во ИСИС и во Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top