| четврток, 6 декември 2018 |

Интер бил клубот што понудил 85 милиони евра за Џејмс Родригез

hames-rodrigez-real-615x400

Италијанскиот калчолигаш Интер е клубот кој во последните денови од летниот преоден рок понудил 85 милиони евра за ангажман на колумбискиот интернационалец од Реал Мадрид, Џејмс Родригез. Шпанските медиуми открија дека има понуда за Колумбиецот, но клубот остана во тајност, се досега кога „Спортс Илустрејтид“ објави дека токму Интер е клубот што имал намера да го купи Колумбиецот.

Сепак, до реализација на трансферот не дошло затоа што фудбалерот не сакал да замине во Италија, туку преферира да остане во Реал Мадрид или пак да се пресели во Премиер – лигата.

Но, тренерот Зинедин Зидан и во новата сезона не му дава голема минутажа на Родригез, па тој веќе јасно побара да биде продаден во Манчестер јунајтед, кој исто така е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top