| четврток, 6 декември 2018 |

Каменица: Повторно се чувствува ракометниот дух во Битола

kasim-kamenica

Стратегот на Пелистер, Касим Каменица, по своето враќање во Битола успеа да стигне до толку посакуваната прва победа на стартот од новата сезона во Суперлигата. И, тоа во новата градска пресметка против амбициозниот Еурофарм Работник…

За Каменица, сепак, воодушевувачка е атмосферата во градот на конзулите, кој повторно покажа дека знае да живее за ракометот.

– Навистина воодушевен сум од навивачите и целокупната атмосфера која владееше на натпреварот. Повторно го чувствувам стариот ракометен дух на Битола. Таа атмосфера, мислам и дека ги понесе нашите ракометари кон финалниот атак на победата – вели Каменица, кој од друга страна, потенцира дека двете екипи не одиграле на нивото на кое можеби се очекувало.

– Не сум најзадоволен од играта. Одлучија нијансите кои беа на наша страна. Мислам дека ракометарите беа и под мал притисок и затоа имаше падови во играта, но победа си е победа. Овој пат пресуди колективот, тој не донесе до триумфот. На следните натпревари сигурен сум дека ќе биде подобро – истакнува Каменица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top