| четврток, 6 декември 2018 |

Кривичен суд: Немаше време да се најде замена за судијата поротник

Кривичниот суд преку соопштениe ја известува јавноста зошто денешното рочиште за случајот „Пуч“ беше одложено.

Соопштението ви го пренесуваме интегрално.

По барање на повеќе медиуми за одговор на прашања поврзани со предметот со КОК 60/16 во јавноста познат како „Пуч”, ве информираме дека закажаната главна расправа за конкретниот предмет денеска воопшто не се одржа, бидејќи судечкиот совет не беше комплетен, односно еден од судиите поротници утрово достави известување дека заради здравствени причини не може да присуствува на судењето, а заради краткиот временски рок од известувањето не можеше да се обезбеди негова замена, па токму затоа и судењето беше одложено. Затоа судот закажа нов термин за главна расправа на 1 ноември, а по барање на бранителите закажа и термини на 3 и 7 ноември се со цел странките однапред да бидат подготвени за наведените термини.

Во однос на реакциите на присутниот обвинител дека расправата можела и порано да се закаже, ја инфомриаме јавноста дека се работи за предмет со повеќе обвинети за тешки кривични дела поротив државата, а воедно во Кривичниот суд во Скопје, се уште е во тек судењето за предметот поврзан со случувањата во Диво Насеље каде исто така се суди на поголем број обвинети за тешки кривични дела како и други притворски предмети од областа на организираниот криминал и корпуција кои се одржуваат во големата судница, па токму заради техничките и просторните услови судот неможеше да закаже термин за предметот познат како „Пуч” пред веќе наведените термини.

Дополнително што се однесува до изјавата на обвинителката дека судот неоправдано го одлага предметот, ја информираме јавноста дека главната расправа за овој предмет за прв пат беше закажана уште на 05.08.2015 година, а потоа беа закажани уште 8 расправи во текот на наредните седум месеци од кои 5 расправи беа одложени заради отсуство на еден од обвинетите кој постојано беше на пат, а 3 расправи по барање на обвинителката, па затоа нејасно е со што судот го одолговлекува процеост, а воедно судот неможе да предвиди болест, ниту пак друго отсуство на член на советот или пак на некоја од странките, како бранител или обвинител, па токму затоа и нејасни се нервозните реакции на присутната обвинителка.

Што се оденсува до прашањето на присутниот обвинител зошто на денешната расправа не бил повикан сведокот кој го бара обвинителството, конкретниот предмет се води согласно новиот Закон за кривична постапка, а самата постапка налага на првата главна расправа, да се дадат воведни зборови на странките, односно обвинителот и одбраната, а дополнително да се повикуваат сведоци и да се изведуваат докази, па токму затоа и на денешното судење, согласно ЗКП, не било предвидено повикување на сведоци, особено што судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот.

Тоа не е случај само во конкретниот предмет туку овој суд на идентичен начин постапува и во секо друго судење.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top