Пред полни трибини во салата „Младост“ и пред публика расположена за добра игра, битолчани ги измерија силите меѓусебе. Новото ракометното дерби помина во знакот на Пелистер, кој славеше со 24-21 (12-12) над Еурофарм Работник во првото коло од 25. сезона во ракометната Суперлига.
Натпреварот беше изедначен се до последните 15 минути кога Пелистер го одржа темпото, а Работник влегуваше од грешка во грешка. Зелените ја направија највисоката предност од пет разлика, 23-18, па рутинирано го приведоа мечот до крај и славеа победа од три разлика.
Фото: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.