Одложен е почетокот на денешната надзорна расправа за поплавите во Собранието на Република Македонија, откако опозициските пратеници на чело со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, започнаа со бурни реакции и предизвикаа инцидент.
Сугаревски, препознатлив по избувливиот карактер и по тоа што најчесто урла наместо да зборува и оддава впечаток на човек кој има посериозни проблеми, демонстративно напуштајќи ја салата започна да мавта со рацете и да му вика во лице на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој имаше намера да го смири и да разговараат на човечки начин.
Надзорната расправа фактички не го доживеа ни својот почеток, бидејќи СДСМ не беше дојдена да расправа и да се дознае вистината, туку да прави медиумски спектакл. Ова јасно се гледа од обидот на СДСМ временски да го ограничи правото на говор и одговор на испитаниците во расправата. Многу често опозицијата преку обиди за „медиумски циркус“ се обидувала да ја манипулира јавноста и да ја извртува вистината, а тоа овој пат беше пресретнато и препознаено од останатите пратеници.
Токму затоа и во интерес на вистината пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прифатија да има надзорна расправа и сите други барања на опозицијата, но не се сложија со временското ограничување на говор и одговор кое го бараше СДСМ. Јасно е дека вакви сериозни и деликатни прашања заслужуваат темелност и детали, а не со лимитирање на времето да се спречи да се слушнат сите околности и информации, после што опозицијата преку своите медиуми ќе може да креира спектакли и да ја политизира големата природна катастрофа во која животот го загубија 22 лица.
Поради тензичната атмосфера и инцидентот кој го предизвика Сугарески од СДСМ, беше дадена пауза од еден час после кој комисијата требаше да продолжи со работа.
Граѓаните коментираат дека пратениците на СДСМ се нервозни затоа што обиколницата за која се кршат копја дали имала удел во поплавите е проектирана во нивно време, како и за тоа дека советниците на СДСМ во општина Гази Баба редовно гласале против субвенционирано чистење на одводните канали во оваа скопска општина.
На надзорната расправа присуствуваат и министерот за земјоделство Михаил Цветков, поранешниот минитер за внатрешни работи Митко Чавков, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како и директорите на УХМР и на ДЗС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)