Десеттиот „Виноскоп“, традиционално, ќе се одржи на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје од 28 септември до 2 октомври.
Центарот на Скопје пет дена ќе биде катче во кое ќе може да уживаат сите што сакаат да дегустираат чаша квалитетно македонско вино, но и да се забавуваат на звуците на дел од македонски музичари. Владо Јаневски, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски се само дел од изведувачите кои ќе настапат на јубилејното издание на „Виноскоп“.
Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број странски туристи кои секоја година ги има во што поголем број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.