Со настапите на Караванија, одлични џез изведувачи, Калевала- бенд кој изведува традиционални песни од целиот свет и Викторија Лоба, на плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ, вчеравечер почна 11 по ред Фестивал на виното „ВИНО СКОП 2017“.
Посетителите на годинешниов фестивал имаат можност да дегустираат повеќе видови квалитетни вина, кои се изложени на штандовите на 10-тина винарии, производители на македонско вино коишто им нудат нови вкусови на љубителите на доброто вино, презентирани по промотивни цени.
Скопјани и гостите од други градови, како и изминатите години ќе дегустираат и вкусни македонски деликатеси коишто одлично одат со добра чаша вино, а се тоа ќе биде проследено со богата културно-уметничка прогама.
На „ВИНО СКОП 2017“ ќе настапат и: групата Ај Кју, Нокаут со старо-новите хитови, Дј Александар Јорданов, Поп Арт Бенд со преработки на македонски песни, Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, фронтменот на Студени Нозе кој ќе ги исполни сите легендарни песни од бендот, надежниот поп-рок бенд Чил Плеј, мајсторот за добра атмосфера Миле Кузмановски, дуото Куку Леле, етнобендот Баклава, чии песни звучат светски и српскиот бенд Министарке.
За оние што сакаат да се напијат вино по работното време денеска, 21.09., четврток и утре, ќе има „афтерворк“ забави со рок, блуз и џез бендови, а за боемите и љубителите на доброто македонско вино годинава е предвидено и викенд матине коешто ќе почнува на пладне во сабота и во недела, а ќе ги забавуваат познати тамбураши и чалгии.
Вечерните забави ќе започнуваат во 21 часот, додека пак дневните, односно денеска и утре (четврток и петок) од 17 часот, а во сабота и во недела во 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)