| четврток, 6 декември 2018 |

И родителите на Маша вмешани во киднапирањето

За ова добија 1.800 евра, рекол поранешниот сопруг на Сандрин Браншу, Французинот Мишел Еје, татко на Емилин Кристин, која физички неверојатно многу личи на малата белграѓанка Маша

Мишел Еје, поранешен сопруг на Сандрин Браншу, на кои заедно со Себастијан Браншу им се суди за обид за киднапирање на Маша Пренковиќ (3), во Србија дошол со новинари на француска телевизија, за, како што тврди, конечно, да ги открие сите актери на овој настан.

Како што пренесуваат некои белградски медиуми, малата Маша пред една година не била жртва на грабеж, како што им било претставено на српската и на француската јавност, туку се работело за договорен „заем“, кој го испланирале родителите на девојчињата.

Французинот не кажува дека мотивот на киднапирањето бил обид на уапсените Французи да му ја подметнат малата Маша на францускиот суд во текот на ДНК-анализа место Емили Кристин и тоа поради нивната неверојатна физичка сличност. Меѓутоа, тврдењето дека на Мирјана Пренковиќ ѝ било ненадејно украдено детето додека се враќала од продавница, го смета за навреда на сечија интелигиенција.

-Јасно е дека и родителите на Маша имаат врска со киднапирањето. Прво, зар не е перетерана случајноста мајката на детето да е професорка по француски јазик и тоа неколку пати била во Франција. За ова добија 1800 евра, вели соговорникот на белградскиот весник, кој открива дека француската полиција веќе постапува по неговото сведочење.

Тој открива дека допрва следуваат апсења, а можен е и дипломатски скандал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top